Tuesday , September 22 2020
Home / Latest Articles / TCR Европа: Објавен е календарот за 2020 сезона

TCR Европа: Објавен е календарот за 2020 сезона

Седум рунди во TCR Европа во 2020

Организацијата за престижното Европско натпреварување на кружни патеки TCR Европа го претставија календарот за 2020 сезона кој располага со рунди на седум различни патеки.

Почнувајќи од Спа-Франкоршамп во мај, TCR Eвропа ќе биде заедно со TCR Spa 500, а двете трки ќе се одржат во петок и сабота. Потоа следи Ред Бул Ринг, Ошерслебен, за потоа караванот да го посети Пол Рикар како дел од ELMS викендот. После летната пауза, караванот се сели на Золдер заедно со FIA European Truck Championship, додека двата последни тркачки викенди ќе се одржат на Монца и Барселона.

Новости за следната сезона се: Должината на трката од 23 минути плус еден круг ќе се промени на 55 километри, првите два круга позади безбедносниот автомобил ќе се додадат на трката, а бројот на натпреварувачи ќе биде ограничен на 30. Крајниот рок на пријавување е 12-ти април.

Check Also

Вуков: Валелунга е една од најтешките патеки во Италија

Изминатиот викенд на патеката Валелунга во Италија се одржа четвртата рунда од Италијанскиот Порше Карера …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *