Thursday , October 18 2018
Home / Latest Articles / TCR Европа: Пеколен викенд на Хунгароринг!

TCR Европа: Пеколен викенд на Хунгароринг!

Изминатиот викенд на патеката Хунгароринг крај Будимпешта се одржа четвртиот тркачки викенд од Европската TCR Серија во која учествуваа македонските возачи Виктор Давидовски и Игор Стефановски

Во првата трка која беше една од најжестоките досега, српскиот возач Душан Борковиќ извојува паметна победа откако борбата која се водеше пред него резултираше со удирања и секако, трошење на гуми, ситуација која ја искористи Борковиќ доаѓајќи до водство и победа.

Позади него паметно се штитеше Стиан Паулсен кој дојде до втората позиција на подиумот, додека трет заврши Даниел Наџ. Микел Аскона пристигна на четвртата позиција, пред Крис Рихар на петтата. Шести беше Јенс Рено Мелер, седми Жан-Карл Верне, пред Стефано Комини на осмата позиција.

Деветти пристигна Дани Крос, додека топ 10-те ги комплетираше Марк Једлоцки освојувајќи го последниот поен од првата трка. Нашите двајца натпреварувачи не успеаа да влезат во топ 10-те. Стефановски заврши на 13-тата позиција, додека Давидовски веднаш зад него на 14-тата позиција.

Втората трка не беше така интересна како првата. Победникот од првата трка Душан Борковиќ имаше контакт со Џош Фајлс при што мораше да се откаже од борба за позиција во првите 10, при што ова не е баш така добро за неговата бодовна ситуација во генерален пласман.

Франциско Мора успеа да се одбрани од Даниел Наџ за првата позиција, додека Наџ пристигна на втората позиција со заостанување од 1.421 секунди. Трет беше Џош Фајлс, додека Атила Таши успеа до четвртата позиција.

Петти заврши Франциско Абреу, пред Рис Бар, Крис Рихар, Стефано Комини, Ференц Фица и Стиан Паулсен кој во двете трки успеа да освои поени, што е за него доста важно.

Во втората трка Виктор Давидовски заврши на 18-тата позиција, додека Игор Стефановски не ја заврши трката.

Петтиот тркачки викенд од TCR Европа ќе се одржи на 18 и 19 август на патеката Асен во Холандија, после летната пауза, а како лидер во генерален пласман кај возачите доаѓа Микел Аскона со 112 поени, за само еден поен пред Душан Борковиќ кој се наоѓа на втората позиција со 111 поени. Трет е Даниел Наџ, многу поназад со 87 поени.

Check Also

Мартин Делев после Скопски Круг: За оваа патека потребен е сериозно подготвен автомобил!

Мартин Делев и покрај проблемите со автомобилот кои ги има низ целата година, се одлучи …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *