Monday , August 19 2019
Home / Latest Articles / TCR Европа: Прва победа за Морган на втората трка во Ошерслебен

TCR Европа: Прва победа за Морган на втората трка во Ошерслебен

Возачот на Wolf-Power Racing Алекс Морган извојува голема победа за себе и за неговиот мал тим, откако успеа да ја задржи првата позиција и да се одбрани од искусниот Том Коронел

Морган успеа да стартува доста добро, со тоа што Џош Фајлс не му беше голема закана на стартот, паѓајќи една позиција подолу позади Том Коронел кој се најде на браникот на Морган.

Од моментот па натаму, Морган беше приморан целата трка да се брани од Коронел кој излезе дека прерано тргна на стартот, а тоа беше ставено под истрага од страна на судиите.

Морган дојде до прва победа за него во Европската TCR Серија, додека Коронел не успеа да му пркоси ниту еднаш во текот на целата трка.

Трет заврши Џош Фајлс кој го зголеми водството во генерален пласман, додека на четвртата позиција заврши неговиот тимски колега Доминик Бауман кој и овој пат квалитетно ја изигра својата улога како заштитник на Фајлс.

Од осми на стартот, петти заврши Урутиа пред Џесика Бекмен на шестата позиција. Седми низ целта помина Лука Енгстлер, при што се врати на втората позиција во генерален пласман.

Нелсон Панчиатичи беше осми пред Андреас Бекмен на деветтата и Жил Магнус, кој ги комплетираше топ 10-те.

Македонскиот натпреварувач Виктор Давидовски заврши на 18-тата позиција, после стартот од 17-тата.

Претпоследната рунда од Европската TCR Серија ќе се одржи на 21 и 22 Септември во Барселона.

Check Also

TCR Европа: Голема победа за Андреас Бекмен на Ошерслебен

Шведскиот возач Андреас Бекмен дојде до голема победа, прва во неговата кариера во ова натпреварување, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *