Monday , August 19 2019
Home / Latest Articles / TCR Европа – Ред Бул Ринг: Давидовски со први поени во TCR Европа, Лука Енгстлер со прва победа!

TCR Европа – Ред Бул Ринг: Давидовски со први поени во TCR Европа, Лука Енгстлер со прва победа!

Денес на програмата беше втората трка од четвртата рунда од Европската TCR Серија на Австриската патека Ред Бул Ринг

Возачот на M1RA Motorsport Лука Енгстлер дојде до прва победа во втората трка на Ред Бул Ринг овој викенд, после контактот со Лука Филипи кој се наоѓаше во тој момент на првата позиција во последниот круг, со многу возачи ставени под лупа на судиите поради предизвикување на инциденти, после хаотичната трка која беше предизвикана од дожд во текот на трката.

Во оваа хаотична трка, Македонскиот натпреварувач Виктор Давидовски доста профитираше, стартувајќи од 25-тата позиција, додека низ целта помина како 15-ти, освојувајќи ги првите поени во неговата втора сезона во Европската TCR серија. Сепак, мораме да ја причекаме одлуката на судиите, бидејќи неколку возачи се наоѓаат под истрага, а тоа може да му донесе на Давидовски повисока позиција и повеќе поени.

Давидовски беше инволвиран во инцидент на првата трка вчера, а тоа предизвика оштетувања на неговиот автомобил кој неговиот тим успеа да го подготви преку ноќ за старт на втората трка денес. Со паметно возење, тој пристигна до 15-тата позиција и успеа да ја задржи до крајот на трката.

Дополнување: После одлуката на судиите, Том Коронел е казнет поради преминување на границите на патеката, а Давидовски е преместен од 15 на 14-тата позиција, освојувајќи 3 поени.

Лука Енгстлер излезе како победник, со Џош Фајлс на второто место на подиумот, додека на третата позиција пристигна Алекс Морган кој за прв пат се искачи на подиумот.

Следуваат нови информации, кои ќе бидат потврдени откако судиите ќе ги потврдат казните за одредени возачи.

 

 

Check Also

WRC Финска: Танак во водство, неговите тимски колеги во проблеми

Возачот на Toyota От Танак ја зголеми предноста на Рели Финска, но неговите колеги наидоа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *