Friday , October 18 2019
Home / Latest Articles / TCR Европа: Сантиаго Урутиа најбрз на првиот слободен тренинг

TCR Европа: Сантиаго Урутиа најбрз на првиот слободен тренинг

Уругвјаскиот возач Сантиаго Урутиа постигна најбрзо време на денешните први слободни тренинзи на патеката Ошерслебен во Германија

Со време од 1:31.681, тој беше најбрз на патеката во неговиот автомобил Audi RS3 LMS, од Том Коронел и Дан Лојд и двајцата во Honda. Урутиа одлучи да стави нови гуми на две минути до крајот на сесијата, што му овозможи да направи најбрзо време на првата тест сесија.

За четврто време се избори Нелсон Панчиатичи, додека Лука Енгстлер успеа да направи петто време. Шести беше Андреас Бекмен, пред Џани Морбидели, Давит Каџаја, новодојдениот Золт Сабо и Џесика Бекмен, кој ги комплетираше топ 10-те.

Македонскиот натпреварувач Виктор Давидовски имаше 18-то време во првиот тренинг, додека вториот слободен тренинг е на програмата од 16:10 часот, на кој очекуваме подобар резултат од него и неговиот тим.

Подолу, погледнете ги целосните времиња:


Check Also

Опасно превртување на Мирко Миловановиќ на Авала…

Овој викенд близу Белград, се одржа ридската трка Авала која е последна во шампионатот во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *