Wednesday , October 17 2018
Home / Latest Articles / TCR Европа: Светскиот возач им одржа лекција на Европските на Монца

TCR Европа: Светскиот возач им одржа лекција на Европските на Монца

Денес на патеката Монца се одржа првата трка од претпоследниот викенд во Европската TCR Серија, која беше повеќе од возбудлива.

Францускиот возач Жан-Карл Верне кој се натпреварува во Светскиот туринг куп, води паралелна кампања и во Европската TCR Серија, а денес на патеката Монца им одржа лекција на возачите кои се натпреваруваат во Европската серија, освојувајќи пол позиција и победа на првата трка.

Тој имаше просечен старт од гридот, а беше пројден од Микел Аскона и Атила Таши кои ги превземаа првите две позиции, откако неколку возачи ја пресекоа првата шикана. Верне брзо ја превзема втората позиција од Таши, кој исто така ја загуби и третата позиција од неговиот тимски колега Џош Фајлс.

Бевме сведоци на два различни инциденти поради кои безбедносниот автомобил мораше два пати да излезе на патеката. Првото излегување на безбедносниот автомобил беше поради излетувањата на Даниел Наџ поради оштетување на суспензијата и на Бенјамин Лезен кој поради технички проблеми му заблокираа тркалата удирајќи во заштитната ограда на свиокот Парболика.

Рестартот беше во четвртиот круг, а веднаш потоа Верне го врати водството од Аскона возејќи му во заветрина и проѓајќи го кристално чисто после стартно целната рамнина, без никаков контакт. Французинот го задржа водството до крајот на трката и освои победа.

Душан Борковиќ се мачеше на шестата позиција, но сепак го пројде Таши во свиокот бр. 1 и се најде на петтата позиција позади Максим Поти и неговиот VW Golf GTI TCR, но поради контактот и излетувањето на Косимо Барберини и Хозе Сепанг, безбедносниот автомобил мораше да излезе по втор пат.

Во продолжувањето на трката можевме да видиме вистинска борба за позиции, со Стефано Комини, Петер Тертинг и Стиан Паулсен кои се бореа за седмата позиција, додека Фабрицио Џованарди успеа од 21-та позиција да дојде во борба за 10-тата со Јенс Рено Мелер.

Верне извојува победа пред Аскона и Фајлс, додека Поти заврши на четвртата позиција пред Душан Борковиќ на петата, пред Таши и Комини на шестата и седмата. Џованаради успеа да се пробие уште понапред завршувајќи на осмата позиција, додека деветти и десетти завршија Тертинг и Паулсен кои беа последните кои освоија поени.

После првата трка на Монца, Душан Борковиќ го загуби водството од два поени со кое пристигна на Италијанската рунда, а Аскона е сега лидер со 10 поени предност, додека Верне се најде на 34 поени позади Шпанецот. Откажувањето на Даниел Наџ го чини заостанување од 40 поени од лидерот Аскона.

Косимо Барберини, Хозе Сапаг, Дани Крос, Даниел Наџ, Бенјамин Лезен и Салваторе Тавано не ја завршија трката.

Нашите возачи Игор Стефановски и Виктор Давидовски завршија на 15-тата и 20-тата позиција, справувајќи се доста тешко со конкуренцијата.

Втората трка е на програмата утре во 12:10 часот.


Check Also

Филип Василевски после Скопски Круг: Победата e послатка со проблеми!

Македонскиот возач Филип Василевски кој е познат по неговата пожртвуваност, успеа да дојде до тешка …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *