Wednesday , November 21 2018
Breaking News
Home / Latest Articles / TCR Европа: Слободни тренинзи Асен – Холандија (Резултати)

TCR Европа: Слободни тренинзи Асен – Холандија (Резултати)

Летната пауза за некого беше долга, додека за некого кратка. Но како и да е, паузата помина, а пред нас е втората половина од Европската TCR Серија.

Следната станица за Европскиот TCR караван е патеката Асен во Холандија овој викенд. Нашите двајца натпреварувачи Виктор Давидовски и Игор Стефановски заедно со своите тимови отпатуваа на уште една тркачка авантура која започна овој викенд со двата слободни тренинзи.

Во првиот тренинг најбрз на 4.545 метарската патека беше Стефано Комини кој се најде пред Hyundai автомобилите, пробивајќи ја границата од 1:45 минути со време од 1:44.915, што беше за половина секунда побрз од другите. Втор најбрз беше Рис Бар, пред Душан Борковиќ, Јенс Рено Мелер, и Крис Рихар кој ги комплетираше топ 5-те, додека во топ 10 најбрзи влегоа Даниел Наџ, Дани Крос, Петер Тертинг, Џош Фајлс и Атила Таши.

Давидовски имаше 17-то време на првиот слободен тренинг во неговиот автомобил Honda Civic TCR, додека Стефановски не учествуваше во првиот тренинг.

Во вториот тренинг Рис Бар кој имаше второ време во првиот, успеа да се избори за најбрзо време, но сепак не толку брзо како на Комини кој возеше под 1:45 во првиот тренинг. Позади него за 21 стотинка се најде Крис Рихар, пред Џош Фајлс, Атила Таши и Душан Борковиќ кој ги комплетираше топ 5-те возачи, додека Жулиен Брише, Максим Поти, Даниел Наџ, Петер Тертинг и Микел Аскона ги комплетираа топ 10-те.

Времето на Давидовски од 1:47.563 беше доволно за 16-та позиција, додека Стефановски кој не го возеше првиот тренинг направи време од 1:47.969, со кое се пласираше како 17-ти веднаш позади Давидовски.

Акцијата продолжува утре со квалификациите во 09:00 часот. Подолу погледнете ги целосните листи на времиња од првиот и вториот слободен тренинг.

Резултати – Прв слободен тренинг

Резултати – Втор слободен тренинг

Check Also

WTCR: Верне со победа во првата трка, Хаф ќе мора да почека за 11-та рекордна победа

Францускиот возач Жан-Карл Верне дојде до изненадувачка победа, кој буквално ја украде од фаворитот за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *