Tuesday , June 25 2019
Breaking News
Home / Latest Articles / TCR Европа: Слободни тренинзи на Спа, Peugeot најбрз, Брише со опасно излетување

TCR Европа: Слободни тренинзи на Спа, Peugeot најбрз, Брише со опасно излетување

Овој викенд се одржува третата рунда од Европската TCR серија на легендарната Гран При патека, Спа Фракоршамп

Денес, петок, се одржаа два слободни тренинзи на кои најдобрите возачи од Европа се запознаваа со условите на патеката. Најбрз на првиот слободен тренинг беше Жулиен Брише, додека возачите на Hyundai веќе втора рунда се најтешки на патеката поради дополнителната тежина. Брише кој зад себе оваа година има две победи во ова натпреварување, направи најбрзо време од 2:31.007, за 0.4 секунди побрзо од Сантиаго Уритиа во Audi, додека трето време имаше Орелиен Комт во Peugeot.

Џани Морбидели успеа да дојде до четврто време во Volkswagen, пред Жил Магнус во Audi на петтата позиција. Шести во првиот слободен тренинг беше Давит Каџаја, кој почнува да се буди, пред Теди Кларие и Џош Фајлс, со Фајлс кој беше најдобро пласиран од Hyundai автомобилите. Оли Кангас успеа до деветто време, додека топ 10-те ги заокружи Стиан Паулсен. Нашиот Виктор Давидовски извози најбрз круг од 2:34.952 со кое се пласираше на 26-тата позиција од 32 натпреварувачи кои земаат учество овој викенд.

На вториот тренинг Џими Кларие во Peugeot успеа да направи најбрзо време, кој беше прекинат подоцна поради опасното излетување на Жулиен Брише, кој имаше најбрзо време во првиот тренинг. На 15 минути до крајот на сесијата Брише не успеа да го контролира автомобилот, удирајќи во заштитаната ограда. Автомобилот претрпе огромна штета, а тој излезе без повреди. После тренингот, Французинот изјави дека и покрај големата штета тој ќе продолжи со тркачките обврски овој викенд.

Во вториот тренинг Џош Фајлс имаше доста добро време, кое на крајот го постави на втората позиција со заостанување од само 0.006 секунди позади Кларие. Импресивно трето време имаше Стиан Паулсен, заостанувајќи позади Кларие за 0.026 секунди. Жил Магнус се избори за петта позиција, пред Даниел Лојд на шестата. Седми беше Џани Морбидели, пред Нелсон Панчиатичи, Орелиен Комт и Лука енгстлер, кој ги заокружи топ 10-те. Виктор Давидовски со извозени само пет кругови поради ударот на Брише, извози време од 2:35.319 со кое се пласираше на 29-тата позиција.

Квалификациите се на програмата утре од 9:30 часот, додека првата трка е на програмата од 13:50 часот.

Check Also

WTCR Нирбургринг: Светол старт за Volkswagen на денешните слободни тренинзи

Стартува најтешкиот предизвик за Светскиот туринг куп После завршетокот на денешните слободни тренинзи на озлогласениот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *