Saturday , December 7 2019
Home / Latest Articles / TCR Европа: Фајлс со победа и со водство во генерален пласман после првата трка на Ред Бул Ринг

TCR Европа: Фајлс со победа и со водство во генерален пласман после првата трка на Ред Бул Ринг

Возачот на Target Competition Џош Фајлс дојде до сигурна победа стартувајќи од втората позиција на стартот од првата трка на патеката Ред Бул Ринг, каде се одржува четвртата рунда од Европската TCR Серија.

Лука Филипи имаше добар старт од пол позицијата, на тоа не го спречи Фајлс веднаш да се пушти во борба за лидерската позиција. Но трката повторно ја расипа инцидент во кој беа вклучени повеќе автомобили, после кој безбедносниот автомобил излезе на патеката.

Во незгодата учествуваше нашиот Виктор Давидовски, кој има оштетувања на неговиот автомобил и не можеше да ја продолжи трката, а во инцидентот беа вклучени Мартин Риба, кој го иницираше инцидентот со удар во Орелиен Комт и извртување на Сантиаго Урутиа во линијата на движење на Џесика Бекмен, која малку фалеше да се преврти, додека Давидовски и Кангас налетаа на гужвата која не можеа да ја избегнат.

После повлекувањето на безбедносниот автомобил останаа уште нешто повеќе од шест минути каде можеше да се види сериозна борба и повеќе проаѓања. Фајлс успеа да дојде до голема победа за него и за неговиот тим, додека Лука Филипи мораше да се задоволи со втората позиција. Во претпоследниот круг Даниел Лојд направи доста паметен потег, проаѓајќи го Нелсон Панчиатичи за третата позиција на подиумот.

Од 29 возачи трката ја завршија само 19. Втората трка е на програмата утре во 11:30 часот, а директен пренос ќе можете да проследите на јутјуб каналот на TCR TV.

Подолу погледнете ги целосните резултати:

Check Also

WRC: И покрај новите три посади во Toyota, Латвала останува во тимот

Финскиот возач Јари Мати Латвала не успеа да го задржи своето седиште во Јапонскиот тим …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *