Tuesday , June 25 2019
Breaking News
Home / Latest Articles / TCR Европа: Хаосот на Спа Франкошамп претставен преку видео!

TCR Европа: Хаосот на Спа Франкошамп претставен преку видео!

Хаотичната втора трка на Спа Франкошамп во рамките на Европската TCR Серија, претставена преку видеото на Том Коронел

Ова стоеше во неговата изјава после трката, а подолу можете да го погледнете видеото:

„Ова беше лудачки викенд. Се забавував добро и имав некои добри битки. Џани Морбидели беше доста фрустриран удирајќи ме 4-5 пати, дури и по правците, што не е добро. Потоа Урутиа ме удри од позади доста силно, после што удрив во задниот дел на Стиан Паулсен. Мислам дека сплитерот се закачи за неговиот автомобил, при што не можев да се откачам, а Стиан се изврте и удри во заштитната ограда.

После тоа, продолжив, но температурата на водата почна да се подига. Во истиот момент бев удрен од Лука Филипи во О’ Руж и при 220 км/ч завршив во заштитната ограда, а потоа на патеката налетаа неколку автомобили при огромна брзина кои за среќа ме избегнаа. Немам зборови, пре жестоко се тркаат овде. Ова го нема во WTCR…“

Check Also

WTCR Нирбургринг: Светол старт за Volkswagen на денешните слободни тренинзи

Стартува најтешкиот предизвик за Светскиот туринг куп После завршетокот на денешните слободни тренинзи на озлогласениот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *