Wednesday , November 21 2018
Breaking News
Home / Latest Articles / TCR Европа: Џош Фајлс најбрз на квалификациите, но Верне стартува од пол

TCR Европа: Џош Фајлс најбрз на квалификациите, но Верне стартува од пол

Како што веќе ве известивме, изутринава се одржаа квалификациите во очи првата трка денес на патеката Асен во Холандија.

Иако Џош Фајлс и неговата Honda имаа најбрзо време на квалификациите, сепак тој ќе мора да стартува од четвртата позиција поради казната што ја заработи на Хунгароринг. Поради ова, Жан-Карл Верне (Аudi) е оној кој ќе стартува од пол позицијата.

Од втората позиција во првиот ред ќе стартува Максим Поти (VW Golf), пред Крис Рихар (Hyundai) на третата позиција. Четврти како што рековме, ќе стартува Џош Фајлс, додека Атила Таши и Жулиен Брише ќе стартуваат од петтата и шестата позиција.

Од седмата позиција ќе стартува Стиан Паулсен, пред Даниел Наџ на осмата, додека од деветтата и десеттата позиција ќе стартуваат Стефано Комини и локалецот Дани Крос, кој воедно ја освои пол позицијата за втората трка по правилата на обратен грид.

Душан Борковиќ освои 11-тата позиција пред Микел Аскона на 12-тата, но и тој исто така ќе биде поместен за три места поназад поради казната што ја доби на Хунгароринг за контактот со Фајлс.

Игор Стефановски изгледа дека се наоѓа во проблеми после вчерашниот удар, освојувајќи ја 17-тата стартна позиција, додека Виктор Давидовски имаше излетување и мал удар во свиокот број 8, но неговиот тим веќе го оспособи автомобилот за првата трка која стартува во 14:50 часот.

Check Also

WTCR: Верне со победа во првата трка, Хаф ќе мора да почека за 11-та рекордна победа

Францускиот возач Жан-Карл Верне дојде до изненадувачка победа, кој буквално ја украде од фаворитот за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *