Monday , August 19 2019
Home / Latest Articles / TCR Европа: 1 трка, пренос во живо од Ошерслебен

TCR Европа: 1 трка, пренос во живо од Ошерслебен

Во очи на првата трка од Ошерслебен, ви го претставуваме стартниот грид…

На утринските квалификации, пол позицијата за првата трка со извонредно време ја освои Андреас Бекмен (Target Competition) кој заврте најбрз круг на 3.696 метарската патека со време од 1:30.078 во првите квалификации и 1:30.017 во вторите.

За Бекмен ова беше прва пол позиција во неговата кариера, а ќе стартува пред Ден Лојд на втората, Сантиаго Урутиа и Нелсон Панчиатичи, кои ќе стартуваат од третата и четвртата позиција.

Петти ќе стартува Жил Магнус, пред Џесика Бекмен која ја освои шестата позиција. Доминик Бауман ќе стартува од седмата позиција, при што докажа дека е достојна замена за Борковиќ, додека Том Коронел, Џош Фајлс и Алекс Морган ќе стартуваат од осмата, деветтата и десеттата позиција.

Македонскиот натпреварувач Виктор Давидовски во неговиот автомобил Honda Civic успеа да заврти најбрз круг од 1:31.690, со што обезбеди старт од 17-тата позиција.

Стартот на првата трка е од 13:40 часот на следниот линк:

Check Also

WRC Финска: Танак во водство, неговите тимски колеги во проблеми

Возачот на Toyota От Танак ја зголеми предноста на Рели Финска, но неговите колеги наидоа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *