Sunday , September 23 2018
Breaking News
Home / Latest Articles / TCR: Интернационалната серија овој викенд се сели во Бахреин

TCR: Интернационалната серија овој викенд се сели во Бахреин

После драматичниот прв викенд во Грузија, втората рунда од Интернационалната TCR серија овој викенд се сели во Бахреин

Покрај познатата огромна борба за првата позиција во оваа тркачка серија, она што е дополнително интересно е тоа што овој викенд се вози и трката во Бахреин за Формула 1 шампионатот и тоа по втор пат во две сезони. Во 2016 Lukoil Craft-Bamboo тимот доминираше на овој евент, со Сергеј Афанасиев кој освои пол позиција, а Пепе Ориола славеше двојна победа. Минатата трка на патеката во Грузија донесе доста изненадувања, триумфот на Давит Каџаја кој успеа да го претстави автомобилот Alfa Romeo на највисокото место на подиумот во првата трка, разбивајќи го скептицизмот кај публиката и оние кои длабоко се сомневаа во перформансите на Италијанскиот TCR автомобил.

Давит Каџаја пристигнува со 38 поени како водечки во генералниот пласман, додека веднаш зад него се Атила Таши и Пепе Ориола со 32 и 31 поени. Натпреварувачите за прв пат ќе се сретнат со условите на патеката денес на двете 20-минутни слободни тренинзи. Во сабота на програмата е 30-минутна квалификациска сесија со тоа што сите возачи ќе возат во првата сесија, додека најрбзите 12 возачи ќе влезат во втората квалификациска сесија. Првата трка ќе се одржи во сабота попладне токму пред квалификациите на Ф1, додека втората трка е закажана за во недела рано претпладне.

Check Also

Викендов стартува 51-то издание на Србија Рели

Овој викенд во Врњачка Бања ќе се одржи легендарното Србија Рели, а ова е неговото …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *