Sunday , September 22 2019
Home / Latest Articles / TCR Италија: Бетера победник, Стефановски трет во драматичната прва трка

TCR Италија: Бетера победник, Стефановски трет во драматичната прва трка

После квалификациите кои се одржаа изутринава, на ред беше првата трка од петтата рунда од Италијанскиот TCR шампионат

Од старт до цел, без никакви проблеми до победа дојде Енрико Бетера кој стартуваше од првата позиција на гридот.

Иако следен од Матео Греко и Игор Стефановски, тој успеа да дојде до доминантна победа во трка која изобилуваше со борби за позиција и инциденти, поради кои само еднаш излезе безбедносниот автомобил на патеката.

Стефановски веднаш се најде на третата позиција откако младиот Гвидети излета од патеката, за да почне борба со Греко за втората позиција.

Лука Сегу кој дели ист автомобил со Стефано Комини, мораше да застане во зоната за излетување поради дефект на автомобилот, а токму тоа резултираше со излегување на безбедносниот автомобил на патеката.

Повлекувањето на безбедносниот автомобил најдобро го искористи Стефановски кој го пројде Греко, но излета од патеката за повторно да се врати, но на четвртата позиција.

Салваторе Тавано ја искористи оваа борба и се најде пред Стефановски кој за момент беше на втората позиција. Стефановски за момент загуби ритам и веднаш беше пројден од Пелегрини, а Бетера и Тавано започнаа да прават предност.

Но во последниот круг на Пелегрини му се откачи предното десно тркало и заврши во зоната за излетување, а Стефановски заврши на последното место на подиумот на првата трка, откако загуби и врати неколку позиции…

Драмата продолжува утре со втората трка која ќе стартува во 13:15 часот.

 

Check Also

Димитриј Кимовски најбрз на тренинзите на Пониква

Кимовски без изненадувања Овој викенд на ридската патека Пониква над Кочани се одржува натпревар од …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *