Sunday , September 22 2019
Home / Latest Articles / TCR Италија – Кавалификации: Бетера со пол позиција, Стефановски стартува четврти!

TCR Италија – Кавалификации: Бетера со пол позиција, Стефановски стартува четврти!

Со почеток во 10:10 часот стартуваа квалификациите за петтата рунда од Италијанското TCR првенство на патеката Имола

Со време од 1:52.849 Енрико Бетера успеа да дојде до пол позиција, додека Матео Греко заостана за само 0.076 секунди, а ќе стартува од втората позиција на гридот.

Од вториот ред, од третата позиција ќе стартува Џакопо Гвидети кој заостана за само 0.174 секунди позади Бетера, додека нашиот Македонски натпреварувач Игор Стефановски ќе стартува исто така од вториот ред, веднаш до Гвидети од четвртата позиција.

Неговиот најбрз круг на квалификациите изнесуваше 1:53.045, а заостана за само 0.196 секунди позади освојувачот на пол позицијата. Од петтата позиција ќе стартува Ерик Вимер, пред Стефано Комини кој успеа само до шестата стартна позиција.

За тоа колку е силен овој шампионат покажува фактот дека првите девет возачи се во неполна секунда, а тоа можете да го видите на листата на времиња подолу. Стартот на денешната прва трка е во 16:05 часот.

Check Also

Димитриј Кимовски најбрз на тренинзите на Пониква

Кимовски без изненадувања Овој викенд на ридската патека Пониква над Кочани се одржува натпревар од …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *