Friday , October 18 2019
Home / Latest Articles / TCR Италија: Стефановски со втора стартна позиција на Имола
Igor Stefanovski (Stefanovski Racing Team,Cupra TCR SEQ #14)

TCR Италија: Стефановски со втора стартна позиција на Имола

Овој викенд на патеката Имола во Италија се одржува третата рунда од националниот шампионат TCR Италија

Во крајно драматична битка за пол позицијата, Матео Греко извојува прва стартна позиција за саботната трка, додека Македонскиот натпреварувач Игор Стефановски дојде до висока втора стартна позиција заостанувајќи за само 0.061 секунди позади.

Трет ќе стартува Феликс Вимер пред Енрико Бетера и Салваторе Тавано. За шеста стартна позиција се избори Марко Пелегрини пред Ерик Скалвини на седмата, Џакопо Гвидети ќе стартува од осмата, Давид Нардили се избори за деветтата, додека во топ 10те времиња на квалификациите влезе и Матео Бергонзини.

Првата трка ќе започне денес од 16:15 часот.

Check Also

Опасно превртување на Мирко Миловановиќ на Авала…

Овој викенд близу Белград, се одржа ридската трка Авала која е последна во шампионатот во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *