Sunday , September 22 2019
Home / Latest Articles / TCR Италија: Стефановски убедливо најбрз на првиот слободен тренинг на Имола

TCR Италија: Стефановски убедливо најбрз на првиот слободен тренинг на Имола

Овој викенд на патеката Имола во Италија се одржува петтата рунда од Италијанскиот TCR шампионат, каде настапува нашиот Игор Стефановски, заедно со неговиот Stefanovski Racing тим

Со првиот слободен тренинг започна тркачкиот викенд на Имола, а Стефановски докажа дека се бори само за победа, извозувајќи најбрз круг на патеката, со време од 1:53.972 што беше побрзо за 0.140 од второпласираниот Џакопо Гвидети и 0.197 од времето на двократниот TCR International шампион Стефано Комини, додека Матео Греко и Салваторе Тавано се најдоа на четвртата и петтата позиција од 15те возачи кои настапуваат овој викенд.

Вториот слободен тренинг е на програмата од 15:10 часот, а подолу погледнете го целосниот поредок на возачите и времињата од првиот слободен тренинг.

Check Also

Димитриј Кимовски најбрз на тренинзите на Пониква

Кимовски без изненадувања Овој викенд на ридската патека Пониква над Кочани се одржува натпревар од …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *