Tuesday , August 4 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / TCR Италија: Тавано со победа, Стефановски втор, Гвидети казнет за контактот со Стефановски

TCR Италија: Тавано со победа, Стефановски втор, Гвидети казнет за контактот со Стефановски

Втората трка од TCR Италија донесе уште поголема возбуда од првата…

Италијанскиот возач Салваторе Тавано дојде до победа во втората трка од петтата рунда од Италијанскиот TCR шампионат во доста неизвесна борба за првите три позиции, додека Стефановски заврши трет, откако младиот Гвидети во последниот круг направи контакт со Стефановски при што нашиот возач ја загуби втората позиција.

Апдејт: Стефановски на втората позиција, Гвидети со казна за контактот во втората трка

Овој контакт е ставен под лупа на судиите, а останува да видиме дали Италијанец ќе добие казна за неспортски контакт со Македонец во Италијански шампионат.

Четврти заврши Муџели, пред Скалвини, Бетера, Лисињоли, Пелегрини, Бергонзини, додека Греко ги заокружи топ 10-те. Следи одлуката на судиите, за контактот помеѓу Гвидети и Стефановски, за што ќе ве известиме подоцна.

Check Also

ТЦР Италија: Рекордна бројка од 26 возачи на стартот на втората рунда на Мизано!

Овој викенд на патеката Мизано во Италија се одржува втората рунда од Италијанскиот ТЦР шампионат, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *