Friday , August 14 2020
Home / Latest Articles / TCR Италија: Ќе дочека ли Fiat Tipo TCR деби настап на Имола оваа сезона?

TCR Италија: Ќе дочека ли Fiat Tipo TCR деби настап на Имола оваа сезона?

Возачот на Tecnodom Sport Кевин Џакон го тестира новиот автомобил Fiat Tipo TCR, кој се подготвува за настап во TCR Италија оваа сезона, која започнува на 29 април.

Иако овој тим минатата година се натпреваруваше со Opel Astra TCR, следната сезона ќе настапат со најновата марка во TCR натпреварувањата, Fiat Tipo TCR.

Имено, овој проект го започна бившиот тим од Superstars Series, MRT. Потоа овој проект беше купен од Tecnodom Sport тимот кој продолжи со развојот на автомобилот. Плановите на тимот се да го завршат автомобилот и да земат учество во TCR Италија, додека кој од двајцата браќа Кевин или Џонатан ќе се најде позади воланот, сеуште не е официјално најавено.

Автомобилот беше дел од одредувањето на Баланс на Перформанси на патеката Адриа, а од тогаш нема никакви најави за официјално деби. Сепак според претходните најави, целта на тимот е да настапи на првата рунда од TCR Италија на 29 април на патеката Имола.

Tecnodom изјавија дека целта им е да донесат италијански автомобил до победа, што е една од причините за промената од Opel.

Check Also

МотоГП: Историска победа за КТМ и дебитантот Бред Биндер

Јужно Африканскиот возач Бред Биндер дојде до убедлива и неверојатна победа на патеката Брно во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *