Sunday , September 22 2019
Home / Latest Articles / TCR Италија: 16 годишниот Гвидети најбрз на вториот тренинг на Имола, Стефановски четврти

TCR Италија: 16 годишниот Гвидети најбрз на вториот тренинг на Имола, Стефановски четврти

Вториот слободен тренинг од петтата рунда во TCR Италија му припадна на 16 годишниот Џакопо Гвидети, воедно и најмлад натпреварувач на гридот

Гвидети заврте најбрз круг со време од 1:53.276, додека просечна брзина му беше 157.234 км/ч, во неговото Audi RS3 LMS, додека позади него за неполни три десетинки на временската листа се најде 21-годишниот Матео Греко во Cupra TCR.

Трето најбрзо време на вториот тренинг имаше Марко Пелегрини (1:53.801), додека Игор Стефановски после најбрзото време во првиот тренинг, во вториот имаше четврто време (1:54.064).

Петти беше Енрико Бетера, пред Масимилиано Мугели на шестата, додека седмо најбрзо време имаше Салваторе Тавано. Осми заврши Ерик Вимер, а деветто најбрзо време имаше Ерик Скалвини, пред Матео Бергонзини кој ги комплетираше топ 10-те, од 15-те пријавени возачи.

Квалификациите се на програмата утре од 10:10 часот, додека првата трка е од 16:05 часот. Втората трка е на програмата во недела, а двете трки се возат по 25 минути, плус еден круг.

Check Also

Димитриј Кимовски најбрз на тренинзите на Пониква

Кимовски без изненадувања Овој викенд на ридската патека Пониква над Кочани се одржува натпревар од …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *