Wednesday , September 19 2018
Breaking News
Home / Автомобилизам / TCR: И покрај големата неизвесност, 2-кратниот шампион Комини продолжува со Audi RS 3 во 2017 TCR International Series

TCR: И покрај големата неизвесност, 2-кратниот шампион Комини продолжува со Audi RS 3 во 2017 TCR International Series

И покрај големата неизвесност за настап оваа сезона, поради тоа што беше отстранет од Leopard Racing, 2-кратниот TCR шампион Стефано Koмини продолжува со Audi RS 3 во 2017 TCR International Series после минатата сезона со VW Golf TCR.

Откако пред две недели беше отпишан од тимот со кој ја освои титулата минатата година, Стефано Комини во последен момент успеа да најде нов „дом“ и тоа кај Белгискиот тим Comtoyou Racing. Овој тим ќе се натпреварува во Европскиот Volkswagen Fun Cup, но исто така успеаа да склопат нов технички тим со кој ќе го поддржат Комини во борба за третата титула по ред, со трет тим и трета марка на автомобил во три години.

„Добив доста понуди. Шефот Жан Мишел Барт го изнајми Франсоа Вербист кого го познавам доста добро бидејќи работевме заедно во 2016 година. После сите разговори мислам дека оваа опција ќе биде најдобрата бидејќи доста работи сме испробале заедно и сме наоѓале решенија за многу проблеми. Овој проект беше лансиран во последен момент, па затоа ќе одиме во Грузија со многу малку подготовки. Нашата цел таму ќе биде да освоиме што повеќе поени, а морам да посочам дека освојување на титула по трет пат со трет различен бренд на автомобил е доста возбудлив предизвик за мене.“ – изјави Комини.

Белгискиот тим ќе додаде и втор автомобил на нивната домашна трка, а тоа е третата рунда од сезоната на патеката Спа Франкоршампс.

Check Also

Маестрално возење на Вуков на Ушче; Од 13-та позиција до прва, но не и до победа…

Изминатиот викенд на уличната патека Ушче во Белград се одржа финалето на шампионатот на кружни …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *