Monday , August 20 2018
Home / Latest Articles / TCR: Легендите на туринг натпреварувањата Алан Мену и Габриеле Тарквини, ќе се тркаат со Hyundai i30 N TCR

TCR: Легендите на туринг натпреварувањата Алан Мену и Габриеле Тарквини, ќе се тркаат со Hyundai i30 N TCR

Добро познатите туринг легенди Алан Мену и Габриеле Тарквини ќе го возат новиот автомобил Hyundai i30 N TCR на последните две рунди во Интернационалната ТЦР серија во Кина и во Соединетите Арапски Емирати

По тој повод беа направени 2-дневни тестирања во Валенсија минатата недела со новиот i30 N TCR модел, во очи на последните две рунди од шампионатот оваа сезона. Искусните туринг возачи Габриеле Тарквини и Алан Мену ги возеа автомобилите на специјален тест каде исто така, можност за тест имаа и бившиот БTCС возач Ден Велш и Норвешкиот возач Стиан Паулсен кој се натпреварува во ТЦР Европа, како и Максим Поти од ТЦР Бенелукс и лидерот во ТЦР Португалија, Франциско Мора.

Тарквини беше водечки тест возач во текот на развојот на автомобилот, додека двојниот БТЦЦ шампион Алан Мену го додаде своето искуство за крајно развивање на новиот автомобил.

Check Also

WRC Германија: Танак во водство, Ожие засега без одговор (ВИДЕО)

После победата на Рели Финска, От Танак продолжи со водство и на првите брзински испити …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *