Wednesday , November 21 2018
Breaking News
Home / Latest Articles / TCR: Микела Черути во трета Giulietta за GE-Force во Бахреин

TCR: Микела Черути во трета Giulietta за GE-Force во Бахреин

Младата и желна за победа Микела Черути повторно ќе се врати во седиштето на трет автомобил Alfa Romeo Giulietta, после макотрпното развивање на истиот во текот на 2016 година, овој викенд на втората рунда од Интернационалната TCR серија во Бахреин

Во Бахреин овој викенд Черути ќе им се приклучи на Давит Каџаја и на Душан Борковиќ позади воланот на третиот автомобил од тимот, оној кој го возеше Шота Абхазава во Грузија. Додека Каџаја беше на пат кон највисокото место на подиумот во првата трка, Микела Черути стоеше позади ѕидот на пит стопот со нетрпение за славење на победа.

„Почувствував посебно задоволство, иако не возев. Тоа беше доста емоционален момент да славите победа во различна улога. Giulietta-та е моето бебе, имав улога кога се роди и кога растеше, а јас го возев автомобилот кога овој резултат беше далеку од нашите очекувања. После мојот подиум во Дубаи и високите достигнувања на Давит и Душан во Грузија, со нетрпение очекувам да бидам повторно позади воланот на автомобилот. Засега мислиме дека оваа победа беше можеби случајна, но сепак во Бахреин ќе дадам се од себе да освојам повеќе поени за мојот тим во шампионатот.“ – изјави Микела Черути, која заврши на втората позиција во TCR Middle East серијата во Дубаи во јануари оваа година.

Check Also

WTCR: Верне со победа во првата трка, Хаф ќе мора да почека за 11-та рекордна победа

Францускиот возач Жан-Карл Верне дојде до изненадувачка победа, кој буквално ја украде од фаворитот за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *