Thursday , October 19 2017
Home / Latest Articles / TCR: Роб Хаф запрепастен од перформансите на Хондите во Тајланд

TCR: Роб Хаф запрепастен од перформансите на Хондите во Тајланд

Роб Хаф и покрај проблемите за пронаоѓање на вистинското подесување на неговоиот Голф, тој влезе во поени стартувајќи од 16-тата позиција освоена на квалификациите, но задоволен е поради завршувањето на својата работа во тимот, а тоа е целосна поддршка и помош за неговиот тимски колега Жан-Карл Верне околу освојување на титулата оваа година оставајќи го еден од главните ривали на Верне, двократниот шампион Стефано Комини надвор од поени во првата трка на тркачкиот викенд во кој тој изјави дека Хондите беа едноставно недостижни.

Двете Хонди на Михелис и Панис завршија на подиум во двете трки и тоа со две победи од кои Михелис во првата, а Панис во втората трка од старт до цел на истата за тимот Boutsen Ginion. После трката Хаф изјави дека резултатите кои ги направиле со неговиот тимски колега Верне, се најдобри што е можно да се направат со оглед на предноста во перформансите на Хондите со тоа што Верне доаѓа на следната рунда во Кина за само два поени позади лидерот во генерален пласман Атила Таши.

“Хондите беа едноставно недопирливи овој викенд. Штета е тоа што таа приказна трае цела година. Викендов беше доста фрустрирачки гледајќи од таа перспектива, но нашите автомобили беа фантастични. И јас и Жан-Карл освоивме добри позиции бидејќи бевме брзи во свиоците, но не и на правците за да можевме да дојдеме до повисоки позиции.” – изјави Хаф.

“Секој пат кога ќе се доближевме до нив тие само побегнуваа на правците исто како и другите возачи со истите мотори како нашите. Но сепак јас претекнав најмалку 16 возачи овој викенд и немавме никакви оштетувања на автомобилите, па затоа нашите механичари ќе можат малку да здивнат кога ќе пристигнат во Кина.” – позитивно заврши Британецот.

Check Also

MotoGP: Довициозо во последниот круг ја доби битката за Јапонското Гран При

Андреа Довициозо се доближи до лидерот во генерален пласман кај возачите, Марк Маркез, после борбата …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *