Friday , April 20 2018
Home / Latest Articles / TCR Салзбургринг: Мато Хомола на пол позиција, Борковиќ со извонредна втора позиција за утрешната прва трка!

TCR Салзбургринг: Мато Хомола на пол позиција, Борковиќ со извонредна втора позиција за утрешната прва трка!

Мато Хомола извојува пол позиција за утрешната прва трка во Интерационалната ТЦР серија на Австриската патека Салзбургринг позади воланот на неговиот автомобил Opel Astra, додека од втората позиција од првиот ред ќе стартува српскиот автомобилист Душан Борковиќ, пред Пепе Ориола во SEAT Leon, кој се избори за третата стартна позиција.

Борковиќ беше првиот возач кој успеа да направи најдобро време на квалификациите, откако останатите возачи влегоа во пит лејнот за да им спречат возење во заветрина на своите ривали. Борковиќ извози најбрз круг, но веднаш потоа Хомола го поправи неговиот круг со време од 1:25.481. Борковиќ пробаше да извози побрз круг од Хомола, но успеа да дојде само до 0.071 секунди од времето на возачот на Opel. Ориола ќе стартува од третата позиција, додека позади него ќе стартува Атила Таши иако треба да добие казна за замена на мотор на неговиот автомобил Honda Civic. Позади нив, во топ 10 влегоа: Томас Јагер на петтата позиција, а Неш, Хаф, Комини, Морбидели и Колчиаго.

Кога ќе погледнете дека првите 10 возачи се во 0.663 секунди, можете да замислите каков е овој шампионат, но и колку интересна трка ќе гледаме утре…

Ова се времињата на топ 10-те:

Check Also

F1: Ферстапен: Не ми е потребен психолог

Возачот на Red Bull Racing, Макс Ферстапен, вели дека веќе го оставил позади себе Кинеското …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *