Wednesday , November 21 2018
Breaking News
Home / Latest Articles / TCR Салзбургринг: Ориола и Лојд најбрзи на двата теста, Весниќ 9ти и 5-ти

TCR Салзбургринг: Ориола и Лојд најбрзи на двата теста, Весниќ 9ти и 5-ти

Овој викенд на патеката Салзбургринг во Австрија ќе се одржи петтата рунда од Интернационалната TCR серија, а со оваа трка сезоната дојде точно на половина

Возачот на Craft-Bamboo Racing Пепе Ориола направи најбрзо време на првата тест сесија на Салзбургринг, а беше побрз за само 0.054 секунди од младиот и брз возач на M1RA Honda, Атила Таши, додека трет најбрз на првиот тест беше Ден Лојд. Ориола направи најбрз круг кој изнесуваше 1:26.420 во неговиот SEAT León TCR, а колку е интересен овој шампионат покажува фактот дека дури 14 возачи се во една секунда! Позади Лојд на четвртата позиција беше Стефано Комини, додека Џејмс Неш се потруди сите три автомобили на Craft-Bamboo Racing да бидат во топ 5. Како шести на листата се најде Фредерик Вервиш, а позади него на седмата позиција се најде Роберто Колчиаго во Honda со максимална додадена тежина на успех од 30 килограми. Позади него топ 10-те ги комплетираа Душан Борковиќ на осмата, Милован Весниќ на деветтата и Роб Хаф на десеттата позиција.

Додека на втората сесија работите малку се променија. Овој пат најбрз на вториот тест беше исто така возач на Craft-Bamboo Racing и тоа Ден Лојд, кој ги предводеше трите автомобили од тимот со Пепе Ориола и Џејмс Неш позади воланите. Но на 20 минути пред крајот на сесијата, истата беше прекината поради страотниот удар на Атила Таши. Таши беше еден од тројцата возачи кои имаа проблеми на вториот тест, со Мато Хомола кој застана на средина на свиокот број 5, а потоа и Жан Карл Верне, водачот во генерален пласман кој излета и се удри во свиокот број 10. Позади тројката на Craft-Bamboo Racing на четвртата позиција се најде Роб Хаф во VW Golf, додека како петти најбрз се вброи Милован Весниќ на кого ова му е деби настап во Интернационалната TCR серија. Позади него, топ 10-те ги комплетираа Томас Јагер на шестата позиција, Таши остана со време доволно за седмата позиција, а на осмата, деветтата и десеттата позиција се најдоа Дави Каџаја, Мато Хомола и Фредерик Вервиш.

Фото: TCR Media

Check Also

WTCR: Верне со победа во првата трка, Хаф ќе мора да почека за 11-та рекордна победа

Францускиот возач Жан-Карл Верне дојде до изненадувачка победа, кој буквално ја украде од фаворитот за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *