Tuesday , June 25 2019
Breaking News
Home / Latest Articles / TCR Eвропа: Најнова пријава пристигна од BRC Racing Team и Лука Филипи

TCR Eвропа: Најнова пријава пристигна од BRC Racing Team и Лука Филипи

Бившиот возач на едноседи Лука Филипи влегува со целосна кампања за 2019 сезона

Лука Филипи е 33-годишен Италијанец кој оваа година влегува во туринг категорија после долгогодишно искуство во едноседи. Повеќе сезони со квалитетни настапи се покажувал во GP2, освојувајќи повеќе победи, за во 2011 година да дојде до втората позиција во генерален пласман.

Исто така неколку сезони во неколку наврати настапи и во IndyCar серијата при што дојде до втора позиција во Торонто во 2015-тата, а исто така една сезона помина и во Formula E со Nio Team.

Оваа сезона ќе настапи за BRC Racing Team позади волан на Hyundai i30 N TCR. TCR Eвропа дефинитивно станува една од највисоките класи на тркање после Светскиот туринг куп WTCR, неизвесноста се гледа уште по поднесените пријави на тимовите и возачите. На повидок е супер возбудлив шампионат…

Check Also

WTCR Нирбургринг: Светол старт за Volkswagen на денешните слободни тренинзи

Стартува најтешкиот предизвик за Светскиот туринг куп После завршетокот на денешните слободни тренинзи на озлогласениот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *