Monday , August 19 2019
Home / Latest Articles / TCR Eвропа: Стиан Паулсен се враќа во Европската TCR Серија

TCR Eвропа: Стиан Паулсен се враќа во Европската TCR Серија

Норвешкиот возач Стиан Паулсен ќе се врати во Европската TCR Серија и оваа сезона во неговата Cupra за својот тим Stian Paulsen Racing

Тој прилично доцна ги најави своите плаови, после неизвесната зима која му донесе мало разочарување.

„Беше доста тешко да ја склопам програмата за оваа година, бидејќи имав тешка зима. Морав да ја преместам мојата работилница и да ја обновам. Затоа немав време да мислам на тркање, а поради тоа ги загубив спонзорите. Но ќе пробам да се снајдам. Оваа сезона за мене ќе биде транзициска со тоа што ќе се посветам повеќе на учење и подготовки за 2020 сезона.“ – изјави Паулсен.

Минатата сезона тој се пласирање на деветтата позиција во генерален пласман, а најдобар пласман на трка му беше втора позиција на Хунгароринг.

Пратете ги неговите интересни видеа на неговиот youtube канал на овој линк https://www.youtube.com/channel/UCr2lFWyevoteAWeIvFe4t1g

 

Check Also

WRC Финска: Танак во водство, неговите тимски колеги во проблеми

Возачот на Toyota От Танак ја зголеми предноста на Рели Финска, но неговите колеги наидоа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *