Sunday , September 20 2020
Home / Latest Articles / TCR Eastern Europe: Борковиќ со двојна пол позиција на Брно

TCR Eastern Europe: Борковиќ со двојна пол позиција на Брно

Српскиот возач Душан Борковиќ продолжи со доминација во ТЦР Источна Европа, освојувајќи пол позиција за првата, но и за втората трка извозувајќи прв и втор најбрз круг на квалификациите.

Апсолутната доминација на Борковиќ досега во овој шампионат јасно докажува дека нему овде дефинитивно не му е местото, но сепак ова можеби е и најдобра опција поради пандемијата оваа година и тоталниот хаос во кој сите шампионати се на апарати. Земајќи го тоа пред вид, ова би било добро одржување на форма, тренинг кој не е скап како Европската ТЦР Серија. Во секој случај доста паметен чекор од страна на српскиот возач.

Неговата доминација започна на Гробник, продолжи на Словакиаринг, а ако исто така дојде до две победи и овде на патеката Брно во Чешка Република, тој ќе ја завери титулата уште овој викенд, бидејќи е на добар пат.

Времето од неговиот најбрз круг од 2:12.876 покажа дека и овде е побрз од минатогодишниот шампион во ова натпреварување, неговиот сонародник Милован Весниќ кој на квалификациите дојде до најбрз круг од 2:13.439 кој ќе стартува од втората позиција на двете трки.

Трето најбрзо време од 20-те возачи на гридот имаше дебитантот во овој шампионат, Австриецот Сандро Зубек кој исто така обезбеди трета стартна позиција во двете трки. До четврта позиција дојде Душан Коржил, додека од третиот ред од петтата и шестата позиција ќе стартуваат Микал Макеш и Шимон Јаблонски кои на квалификациите ги делеа само 18 илјадити делови од секундата.

Стартот на првата трка е во сабота од 12:45, додека втората трка ќе стартува во недела од 14:00 часот.

Check Also

MotoGP: Подиум за паметење – Мир никогаш нема да го заборави проаѓањето на Роси на Мизано

Возачот на Suzuki Жоан Мир изјави дека никогаш нема да го заборави освоениот подиум овој …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *