Tuesday , June 25 2019
Breaking News
Home / Latest Articles / TCR Europe: Двајца аматери ќе делат Peugeot 308 TCR автомобил во текот на сезоната

TCR Europe: Двајца аматери ќе делат Peugeot 308 TCR автомобил во текот на сезоната

Team Clairet Sport го претстави третиот автомобил во тимот со кој ќе настапат Жил Коломбани и Стефан Вентeja кои се доста нови имиња во светот на моторспортот

Коломбани е аматерски возач од Корзика кој само што го открива моторспортот. Неговото деби беше минатата година во Францускиот Peugeot 308 Racing Cup, а исто така ќе продолжи со паралелна кампања во истиот шампионат со цел да се бори за таканаречениот Gentleman Trophy. Негов план во Европската TCR Серија е Хунгароринг, Барселона и Ошерслебен.

Вентеја исто така е аматерски возач, но со неколку години искуство, само во Pеugeot автомобили. Победа има освоено во RCZ Cup, но и титула во класата А3 од 24H TCE Series позади волан на 208 Gti.

Минатата година тој го освои Gentleman Trophy во French 308 Racing Cup-от, што му овозможи учество на една рунда од Европската TCR Серија. Но тој одлучи да додаде уште две, со желба за борба со најдобрите возачи на гламурозните тркачки патеки. Тој ќе земе учество на Хокенхајм, Спа-Франкоршамп и на Ред Бул Ринг.

Check Also

WTCR Нирбургринг: Светол старт за Volkswagen на денешните слободни тренинзи

Стартува најтешкиот предизвик за Светскиот туринг куп После завршетокот на денешните слободни тренинзи на озлогласениот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *