Saturday , October 31 2020
Home / Latest Articles / TCR Europe: Жестока борба за победа помеѓу Ориола и Брише, Давидовски во проблеми

TCR Europe: Жестока борба за победа помеѓу Ориола и Брише, Давидовски во проблеми

Пепе Ориола конечно до победа после сите малери

Возачот на Brutal Fish Racing Пепе Ориола дојде до првата победа во Европската ТЦР Серија во втората трка, откако приредија сензационална трка и борба со Жулиен Брише до самата цел.

Ориола стартуваше од шестата позиција на стартот од втората трка, но за брзо дојде до првата позиција која ја задржа до карираното знаме. Но борбата за победа која ја прикажаа со Брише, останува за паметење.

Надмудрувањето од страна на Брише и перфектната одбрана од страна на искусниот Ориола беше вистински празник за очи. Брише победи на првата трка тргнувајќи од четвртата позиција, додека денес стартуваше од десеттата позиција и успеа да дојде до борба за победа и да заврши на втората позиција.

После голема борба и незгода во првата трка после која механичарите мораа да работат до рано наутро на неговиот автомобил, Мато Хомола успеа да дојде до третата позиција на подиумот, додека позади него на петтата позиција заврши Џими Кларе, пред Никола Барт, Тели Кларе, Џон Филипи, Меди Бенани и Мартин Риба кој ги комплетираше топ 10-те.

Виктор Давидовски стартуваше од 15-тата позиција пробивајќи се до десеттата, а додека изгледаше дека повторно ќе заврши во топ 10-те како вчерашната 9-та позиција, моторот на неговиот автомобил откажа, при што не успеа да ја заврши трката. Ова мора да е вистинско разочарување за него и неговиот тим бидејќи две завршувања во топ 10 би му било најдобар пласман до сега во неговата 3 годишна кариера во Европската ТЦР Серија.

Check Also

WTCR: После доминацијата на Хунгароринг, Хонда ќе добие најголема тежина на Арагон

Münnich Motorsport, ќе мора да додаде максимум тежина на своите автомобили за Арагон овој викенд …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *