Thursday , January 23 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / TCR Europe: Мато Хомола е првиот победник оваа сезона

TCR Europe: Мато Хомола е првиот победник оваа сезона

Словакот Мато Хомола дојде до сигурна победа од старт до цел на патеката Хунгароринг, воедно и прва рунда од оваа сезона

Ниту доцните напади на Џош Фајлс не му пркосеа на младиот Словак да ја однесе победата во првата трка на Унгарската патека. Хомола имаше перфектен старт, додека Фајлс во најбрзо време се смести на втората позиција, откако Андреас Бекмен имаше доста лош старт паѓајќи подолу во поредокот.

Во меѓувреме Бекмен имаше контакт со Сантиаго Урутиа при што Уругваецот мораше рано да ја заврши трката, додека Бекмен паѓаше до 16-тата позиција.

Позади Хомола, Жулиен Брише започна да му прави притисок на Фајлс, но во меѓувреме ја загуби третата позиција од Нелсон Панчиатичи кој чекаше и најмала грешка од Брише.

Најинтересна борба се одвиваше помеѓу Андреас Бекмен и Лука филипи, при што камерата подолг период го пратеше дуелот помеѓ овие двајца возачи, во кој Бекмен излезе како победник.

Сепак Хомола дојде до лесна и тактичка победа, како што изјави и сам дека стартот е најважен момент за сочувување на челна позиција.

На второто место на подиумот се искачи Џош Фајлс, додека трет беше Нелсон Панчиатичи. Брише мораше да се задоволи со четвртата позиција и пласиран како најбрз Peugeot автомобил, позади првите три Hyundai.

Српскиот возач Душан Борковиќ дојде до доста тактичка петта позиција проаѓајќи го Орелиен Комт на првиот свиок во четвртиот круг, делумно чувајќи се за втората трка на која ќе стартува од втората позиција. Доста паметен старт на Борковиќ оваа сезона, за разлика од лани…

Даниел Наџ беше шести, пред Жил Магнус, Орелиен Комт, Џани Морбидели и Џесика Бекмен, сестрата на Андреас Бекмен кој успеа да дојде до 11-тата позиција на целта веднаш позади топ 10-те.

Оваа година бодувањето важи за првите 15 возачи, па затоа до поени дојдоа и Лука Филипи на 12-тата позиција пред Теди Клаире, Џон Филипи и Џими Клаире кој ги заокружи првите петнаесет возачи.

Македонскиот возач Виктор Давидовски мораше да стартува од 25-тата позиција, иако имаше 20-та стартна, тоа време беше направено додека беше подигнато жолто знаме на патеката, па затоа му беше одземено. Тој заврши на 25-тата позиција.

Во склоп на TCR Eвропа, се возеше и новоформираното првенство TCR Источна Европа, па затоа гридот беше пополнет со дури 37 автомобили.

Во ова првенство на втората позиција, но и 21 од целиот грид заврши Српскиот возач Милован Весниќ, кој слави подиум, додека третиот Српски возач Руди Пешовиќ не ја заврши трката. во TCR Источна Европа можевме да го виме и Хрватскиот возач Жарко Кнего кој на своето деби, заврши паркиран при самиот крај на трката.

1 70 Mat’o HOMOLA Slovakia Hyundai i30 N TCR 13 13 LAPS 1:55.062 1
2 9 Josh FILES United Kingdom Hyundai i30 N TCR 13 0.444 1:55.204 4
3 12 Nelson PANCIATICI France Hyundai i30 N TCR 13 1.394 1:54.764 3
4 24 Julien BRICHÉ France Peugeot 308 TCR 13 5.225 1:54.945 6
5 62 Dušan BORKOVIĆ Serbia Hyundai i30 N TCR 13 6.319 1:55.536 9
6 99 Dániel NAGY Hungary Hyundai i30 N TCR 13 7.951 1:55.590 8
7 16 Gilles MAGNUS Belgium Audi RS3 LMS TCR 13 8.756 1:55.519 5
8 7 Aurélien COMTE France Peugeot 308 TCR 13 10.466 1:55.605 14
9 45 Gianni MORBIDELLI Italy Volkswagen Golf GTi TCR 13 13.380 1:55.525 16
10 26 Jessica BÄCKMAN Sweden Hyundai i30 N TCR 13 14.255 1:55.477 7
11 19 Andreas BÄCKMAN Sweden Hyundai i30 N TCR 13 17.875 1:55.883 2
12 30 Luca FILIPPI Italy Hyundai i30 N TCR 13 19.614 1:55.939 18
13 111 Teddy CLAIRET France Peugeot 308 TCR 13 20.691 1:55.787 15
14 27 John FILIPPI France Renault Mégane RS TCR 13 25.634 1:56.806 12
15 112 Jimmy CLAIRET France Peugeot 308 TCR 13 26.176 1:56.738 17
16 5 Alex MORGAN United Kingdom Renault Mégane RS TCR 13 26.630 1:56.593 23
17 17 Martin RYBA Slovakia Honda Civic Type R FK8 TCR 13 28.812 1:56.634 20
18 3 Davit KAJAIA Georgia CUPRA TCR 13 31.009 1:56.813 22
19 8 Luca ENGSTLER Germany Hyundai i30 N TCR 13 31.410 1:56.507 37
20 44 Lilou WADOUX France Peugeot 308 TCR 13 31.525 1:57.083 27
21 331 Milovan VESNIĆ Serbia CUPRA TCR 13 32.756 1:57.147 24
22 324 Jáchym GALÁŠ Czech Republic Volkswagen Golf GTi TCR 13 36.835 1:56.870 30
23 46 Olli KANGAS Finland Volkswagen Golf GTi TCR 13 38.002 1:56.634 21
24 96 Abdulla Ali AL-KHELAIFI Qatar CUPRA TCR 13 39.523 1:56.376 26
25 10 Viktor DAVIDOVSKY North Macedonia Honda Civic Type R FK8 TCR 13 40.040 1:56.537 25
26 377 Jakub WYSZOMIRSKY Poland Honda Civic Type R FK2 TCR 13 41.317 1:57.310 29
27 81 Stéphane VENTAJA France Peugeot 308 TCR 13 41.360 1:56.939 28
28 2 Stéphane LEMERET Belgium Honda Civic Type R FK8 TCR 13 44.445 1:56.058 19
29 376 Petr ČíŽEK Czech Republic CUPRA TCR 13 1:00.444 1:57.798 32
30 322 Carol WITTKE Germany CUPRA TCR 13 1:16.950 1:58.978 33
31 307 Maciej ŁASKIEWICZ Poland Volkswagen Golf GTi TCR 13 1:18.924 1:58.508 35
32 374 Žarko KNEGO Croatia CUPRA TCR 11 + 2 LAPS 1:59.853 36
R 332 Rudi PEŠOVIĆ Serbia Audi RS3 LMS TCR 7 DNF 1:58.079 34
R 21 Marie BAUS-COPPENS France CUPRA TCR 7 DNF 1:57.777 31
R 88 Maxime POTTY Belgium Volkswagen Golf GTi TCR 1 DNF N/A 13
R 25 Natan BIHEL France Hyundai i30 N TCR 1 DNF N/A 11
R 55 Santiago URRUTIA Uruguay Audi RS3 LMS TCR 0 DNF N/A 10

Check Also

Дакар 2020 – 10 Етапа: Петерхансел: Не знам како се случи, но се загубивме!

Дури и самиот тој не може да поверува… Стефан Петерхансел е вистинска икона на Дакар …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *