Sunday , September 20 2020
Home / Latest Articles / TCR Europe: Мишел Халдер – „Чувството е неверојатно да се биде прва жена победник“

TCR Europe: Мишел Халдер – „Чувството е неверојатно да се биде прва жена победник“

Првата победа на возачот на Profi Car Team Halder Мишел Халдер во Европската ТЦР Серија, дамата ја окарактеризира како неверојатно чувство.

Мишел Халдер, која со нејзиниот брат Мајк направија промена од ТЦР Германија во ТЦР Европа во последен момент, дојде до прва и многу драга победа во Европската ТЦР Серија, водејќи ја втората трка од старт до цел на патеката Золдер во Белгија.

„Имав прекрасен старт и дадов се од себе да го превземам водството уште во првиот свиок. После тоа знаев дека тоа е моја трка бидејќи бев брза и не правев грешки. Пресреќна сум за победата на Золдер. Никогаш претходно не сум била на оваа патека, а победата и тоа што сум првата жена која победила во ова натпреварување е едноставно неверојатно. На првата трка мојот брат Мајк беше втор, на втората јас дојдов до победа, па тоа е неверојатно.“ – изјави Мишел Халдер.

Нејзината прва победа се случи на патеката Зандворт во рамките на ТЦР Германија минатата сезона, иако таа свои максимум поени на патеката Мост во 2018 година кога заврши на втората позиција како гостински возач за Петр Фулин. Нејзината следна победа се случи оваа сезона на патеката Нирбургринг кога нејзиниот брат беше дивификуван, а тоа беше причината за нивното префлрање во ТЦР Европа.

Check Also

WTCR: Започнува Светскиот туринг куп; Бертон на пол позиција на Золдер

Ултра блиската борба за пол позиција со Јан Ерлахер му донесе на Натанаел Бертон прва …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *