Sunday , September 20 2020
Home / Latest Articles / TCR Europe: Николас Барт победник на првата трка на Золдер

TCR Europe: Николас Барт победник на првата трка на Золдер

Втората рунда од Европската ТЦР Серија се одржува токму на Золдер овој викенд.

Виктор Давидовски заедно со неговиот PSS Racing тим повторно беа одбиени за влез и во Белгија поради лошата состојба во Македонија со пандемијата на коронавирусот, при што ова е втора рунда која Давидовски ја испушта.

Тркачкиот викенд започна со слободните тренинзи на кои Џон Филипи дојде до најбрз круг во првиот тренинг, додека во вториот тренинг и на квалификациите најдоброто време за пол позиција го постигна Николас Барт позади волан на Audi од Comtoyou Racing.

И покрај тоа што трката беше три пати прекината поради инциденти со излегување на безбедносниот автомобил и подигање на жолто знаме во текот на 14-те кругови Барт успеа да се избори за победа во борба на неколку наврати со Мајк Халдер, победникот од Пол Рикар кој успеа да направи мал притисок само на стартот од трката после перфектниот старт.

Халдер заврши на втората позиција, додека Мато Хомола се искачи на третата позиција на подиумот на првата трка. Даниел Наџ беше четврти пред Даниел Лојд, Мартин Риба, Мишел Халдер, Теди Клере, Џими Клере и Пепе Ориола, кој ги комплетираше топ 10те.

Трката не ја завршија Флориан Брише, Жан Лорен Наваро, Меди Бенани, Андреас Бекмен и Џесика Бекмен. Сите петнаесет возачи што завршија освоија поени, а 20-те возачи кои се појавија на стартот е најниска бројка досега во ова натпреварување.

Втората трка е на програмата утре од 15:20 часот.

Check Also

MotoGP: Подиум за паметење – Мир никогаш нема да го заборави проаѓањето на Роси на Мизано

Возачот на Suzuki Жоан Мир изјави дека никогаш нема да го заборави освоениот подиум овој …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *