Wednesday , August 5 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / TCR Europe: Со првиот слободен тренинг, започна тркачкиот викенд на Зандворт

TCR Europe: Со првиот слободен тренинг, започна тркачкиот викенд на Зандворт

Караванот на Европската TCR Серија после драматичната прва рунда на патеката Пол Рикар во Франција, овој викенд се пресели на север од Европа, поточно на патеката Зандворт во Холандија.

Во споредба со првата рунда, овде се случија некои промени, поточно во балансот на перформанси што ќе го видите на листата подолу.

Со оглед на промените во балансот на перформансите, возачите мораа да се привикнат на истите, а тоа го направија во првите слободни тренинзи кои се одржаа денес.

Инаку за информација, TCR Европа и Бенелукс ќе возат заедно, но со засебно бодување.

Најбрз на патеката во првиот слободен тренинг беше возачот на WRT Јап ван Лаген (Audi) кој направи најбрз круг од 1:45.226 кој е побрз за нешто повеќе од 6 десетинки од минатогодишниот рекорд на патеката кој го постави Максим Поти на квалификациите во рамките на TCR Бенелукс. Со заостанување од 0.361 второ најбрзо време имаше Микел Аскона (Cupra), додека Седрик Пиро (Honda) беше трет најбрз со заостанување од 0.730 позади Ван Лаген.

Позади првите тројца на четвртата позиција следеше Крис Рихар (Hyundai) кој заостана за 1.042 секунди, пред Максим Поти (VW) со заостанување од 1.187. Шести најбрз на првиот слободен тренинг беше Даниел Наџ (Hyundai) пред Рис Бар (Hyundai) на седмата позиција, додека топ 10-те ги комплетираа Жулиен Брише (Peugeot) на осмата, Душан Борковиќ (Hyundai) на деветтата и Џош Фајлс (Honda) на десеттата позиција.

Check Also

ТЦР Италија: Рекордна бројка од 26 возачи на стартот на втората рунда на Мизано!

Овој викенд на патеката Мизано во Италија се одржува втората рунда од Италијанскиот ТЦР шампионат, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *