Thursday , December 3 2020
Home / Latest Articles / TCR Europe: Херој на викендот – Аскона со двојна победа на Спа

TCR Europe: Херој на викендот – Аскона со двојна победа на Спа

Шпанскиот возач и шампион од 2018 во Европската ТЦР Серија Микел Аскона дојде до неверојатна двојна победа на патеката Спа-Франкошамп откако направи вистински избор на гумите за измешаните услови на патеката овој викенд возејќи гуми за суво напред и гуми за дожд назад.

Аскона стартувајќи од 13-тата позиција дојде до победа на првата трка откако во претпоследниот круг направи потег за проаѓање на Том Коронел кој ќе остане запишан во историјата како еден од најдобрите потези. Микел Аскона се појавува на по некоја рунда во Европската ТЦР Серија, но сепак главниот настап му е во Светскиот туринг куп WTCR.

Во прилично досадната прва трка позади Аскона и Коронел на подиумот се искачи и Мајк Халдер, кој воедно е лидер во генералниот пласман кај возачите. Андреас Бекмен беше четврти пред Џон Филипи на петтата позиција. Шести беше Бенани, а после него до десеттата позиција следеа Тофик, Лојд, Балдан и Ориола.

Додека во втората трка денес видовме доста возбудувања и борби за позиција. Исто како и во првата трка, победникот Микел Аскона профитираше од изборот на гуми (напред сликови, назад дождовни) и успеа од 13-тата стартна позиција да дојде до уште една победа овој викенд пред Том Коронел кој заостана за 4.293 секунди.

Возачот на Target Competition Џон Филипи успеа да се искачи на третото место на подиумот после блиската борба во последните кругови со Том Коронел. Втората трка изобилуваше со борба изгледајќи на вистинска трка за разлика од првата.

На стартот од трката Пепе Ориола имаше перфектен старт и изгледаше дека работите ќе ги стави под контрола уште од почеток, проаѓајќи го Филипи за лидерската позиција. Но подоцна неговото темпо згасна, а тој потона во поредокот далеку од вистинската позиција, успевајќи да зграби некој ситен поен што не беше баш негов план овде.

Лошите услови на патеката резултираа со многу извртувања и излетувања, некои чисти, некои предизвикани поради удари и борба за позиција. Но сепак, херојот на денот беше повторно Микел Аскона кој успеа да дојде до победа, стартувајќи од 13-тата позиција и во втората трка.

Четврти заврши Т. Кларе пред Барт, Наџ, А. Бекмен, Балдан, Леонов и Мајк Халдер кој ги комплетираше топ 10-те. Трката не ја завршија Брише, Џ. Кларе, Сапаг, Лојд, Мишел Халдер и Риба.

Во генерален пласман кај возачите води Мајк Халдер (Honda) со 242 поени, а веднаш позади него со 225 поени се наоѓа Меди Бенани (Audi), додека на третата позиција со 207 поени е Џон Филипи (Hyundai).

Последната рунда од Европската ТЦР Серија е на 6-8 ноември на патеката Харама во Шпанија.

Check Also

BTCC: Со победата на втората трка, Сатон се поблиску до титулата оваа година

Еш Сатон го зголеми водството во генерален пласман во Британскиот туринг шампионат и се наоѓа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *