Friday , October 18 2019
Home / Latest Articles / TCR Europe: Јап ван Лаген на пол позиција за првата трка на Зандворт

TCR Europe: Јап ван Лаген на пол позиција за првата трка на Зандворт

Возачот на WRT тимот, домаќинот Јап ван Лаген се избори за пол позиција за утрешната прва трка на холандската патека Зандворт, која воедно е втора рунда од Европската TCR Серија.

Ван Лаген (Audi) извози маестрално на 4.307 метарската холандска патека, правејќи разлика речиси половина секунда пред брзиот Микел Аскона (Cupra), додека Атила Таши (Honda) кој досега буквално се мачеше со автомобилот, конечно успеа да влезе при врвот на листата, со освојување на трета стартна позиција.

Позади Таши за четвртата позиција се избори Крис Рихар, додека позади него на петтата позиција ќе стартува Душан Борковиќ, пред Рис Бар, Џош Фајлс, Даниел Наџ, Јенс Рено Мелер и Дено Крос, кој ги заокружи топ 10-те возачи.

Првата трка ќе започне од 12:20 часот во недела, додека втората трка е на програмата во 14:55 во понеделник. Подолу погледнете ги времињата од квалификациите:

Check Also

Опасно превртување на Мирко Миловановиќ на Авала…

Овој викенд близу Белград, се одржа ридската трка Авала која е последна во шампионатот во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *