Sunday , September 23 2018
Breaking News
Home / Latest Articles / TCR: FIAT Tipo TCR на тркачките патеки???

TCR: FIAT Tipo TCR на тркачките патеки???

Кога можеше Citroen C-Elysee да стане WTCC, одозгора и шампионски автомобил, зошто FIAT Tipo да не стане TCR автомобил…

После шпекулациите пред неколку месеци, проектот околу FIAT Tipo TCR ќе стане реалност, иако малку доцни од договореното.

Првично, проектот на овој автомобил му беше поверен на MRT by Nocentini кои најавија појавување на тркачка патека при крајот на 2017.

Но поради тоа што овој тим не го достави тоа што го вети, целиот проект му беше предаден на Tecnodom Sport.

Компанијата која е во поседство на фамилијата Џакон, ги развива последните детали, а Tipo-то ќе биде подготвено да се покаже на патека.

Иако беше најавено дека овој автомобил ќе биде дел од тестот за баланс на перформанси на TCR автомобилите кој се одржа на патеката Рикардо Тормо во Валенсија, тимот и автомобилот не се појавија.

Целта е да биде подготвен за 2018-та сезона за TCR Италија.

Check Also

Викендов стартува 51-то издание на Србија Рели

Овој викенд во Врњачка Бања ќе се одржи легендарното Србија Рели, а ова е неговото …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *