Thursday , October 18 2018
Home / Uncategorized / TCR International: Гордон Шеден со TCR деби на сезонското финале во Дубаи

TCR International: Гордон Шеден со TCR деби на сезонското финале во Дубаи

Трикратниот BTCC шампион Гордон Шеден ќе дебитира во TCR шампионатот на финалето во Дубаи

Шеден ќе го замени Роб Хаф кој овој викенд ја вози последната рунда од Светскиот туринг шампионат WTCC во Макау. Хаф возеше како поддршка на Жан-Карл Верне во тимот WRT Leopard Racing, каде Верне се бори за титулата позади воланот на неговиот VW Golf TCR.

„Возбуден сум поради соработката со Leopard Racing и WRT каде ќе го искористам целото мое искуство за да му помогнам на Жан-Карл да ја освои титулата оваа година. Шампионатот изгледа доста компетитивен, а јас со нетрпение очекувам да го почувствувам предизвикот.“ – изјави Шеден.

Верне моментално се наоѓа на првата позиција во генерален пласман кај возачите со предност од 21 поен пред Атила Таши, што значи дека Шеден и Верне ќе имаат доста работа за да ја постигнат целта овој викенд, бидејќи Таши и неговиот тим M1RA нема така лесно да се откажат од титулата…

Следи опасно возбудлив викенд.

Check Also

WRC Монте Карло: Танак се поблиску до Ожие

Предноста на Себастиен Ожие се стопи на 14.9 секунди после негова грешка, а тоа му …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *