Monday , June 18 2018
Breaking News
Home / Latest Articles / Toyota Gazoo Racing GR Super Sport – Супер-спортски концепт со 986 КС!

Toyota Gazoo Racing GR Super Sport – Супер-спортски концепт со 986 КС!

На крајот од минатата година Gazoo Racing, спортската дивизија на Toyota, најави нов супер-спортски автомобил.

Во пресрет на Токискиот Авто Салон 2018, Toyota Gazoo Racing го престави GR Super Sport – супер спортскиот коцепт во сета негова слава. Како што ќе можете да забележите, многу детали на Toyota Gazoo Racing GR Super Sport се позајмени од TS050 Hybrid, возилото со кое што Toyota се натпреваруваше во WEC (Светски Шампионат на Издржливост) шампионатот.

Овој суспер-спортски концепт е опремен со 2.4-литарски твин-турбо V6 хибриден агрегат чија што комбинирана моќност изнесува неверојатни 986 коњски сили. Други податоци за ова возило не ни се познати бидејќи Toyota го престави овој модел само како репер за нивните планови за развој на спортски автомобили дирекно инспирирани од тркачите.

Од друга страна, овој концепт нема фарови, нема традиционални врати ни прозори, и ништо што би можело да алудира дека ова би можел да биде уличен автомобил.

Во прилог можете да ја погледнете целата галерија од преставувањето на Toyota Gazoo Racing GR Super Sport концептот:

Check Also

MotoGP Барселона: Повторна доминација на Лоренцо, Маркез и Роси без решение

Хорхе Лоренцо извојува уште една значајна победа по ред на патеката Каталуња во Барселона, тргнувајќи …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *