Wednesday , April 24 2019
Home / Latest Articles / WolrdSBK: После доминацијата на Баутиста и Ducati на Арагон, следи Асен овој викенд

WolrdSBK: После доминацијата на Баутиста и Ducati на Арагон, следи Асен овој викенд

Овој викенд на Холандската патека Асен ќе се одржи четвртата рунда од Светскиот Супербајк шампионат насловена како Motul Dutch Round

После доминацијата на Алваро Баутиста и Ducati на минатата трета рунда на патеката Арагон Шпанецот се наоѓа на првата позиција во генерален пласман со 186 поени, пред Џонатан Реа на Kawasaki со 147 поени, додека на третата позиција со 47 поени помалку е Алекс Лоус на Yаmaha.

Сепак со 10 рунди и 20 трки до крајот на сезоната многу работи можат да се случат. Четвртата рунда се вози на патеката Асен овој викенд, која е долга 4.542 метри, а располага со 18 свиоци од кои 12 десни и шест леви, додека најголемиот правец на стартно-целната рамнина изнесува 300 метри.

Распоредот за викендот е следниот:

Петок:
Слободен тренинг 1: 10:30-11.20
слободен тренинг 2: 15:00-15:50

Сабота:
Слободен тренинг 3: 09:00-09:20
Квалификации: 11:00-11:25
Трка 1 14:00

Недела
Загревање: 09:00-09:15
Суперпол: 11:00
Трка 2: 14:00

Check Also

WRC: Toyota ќе развиваат R5 автомобил

WRC2 категоријата во склоп на Светскиот рели шампионат станува доста возбудлива… Фактот дека оваа класа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *