Tuesday , July 17 2018
Home / Автомобилизам / WorldRX : Леб останува со Team Peugeot-Hansen и во 2017 година

WorldRX : Леб останува со Team Peugeot-Hansen и во 2017 година

9-кратниот WRC шампион Себастиен Леб во 2017 година ќе остане со тимот Team Peugeot-Hansen со кој доста добро се сложува, а оваа година заедно очекуваат многу победи.

Минатата година беше прва сезона за Леб, кој заврши на петтата позиција во генерален пласман кај возачите. Лeб се натпреваруваше во цела сезона за прв пат во Светскиот Реликрос Шампионат (WorldRX) минатата година. Покрај тоа тој беше доста компетитивен победувајќи во Латвија, после што следеа освоени подиуми во Белгија, Шведска и Франција.

Леб, кој е во тим заедно со Швеѓаните КЕвин и Тими Хенсен во 2017, изјави дека имал повеќе понуди за 2017 сезона , откако се вра со вора позиција од овогодинешното Дакар Рели.

„Верувам дека научив доста работи во екот на минатата сезона. Очигледно моите стандарди ги поставив премногу високо за оваа сезона, но се надевам дека со годинешната верзија на Peugeot 208 WRX Supercar, ќе бидеме подготвени за да се бориме за титулата. Со оваа силна конкуренција нема да биде лесно, но но јас сум решен да направам рекорд во оваа дисциплина.“ – изјави Леб.

Check Also

WTCR Словакиаринг: Доминацијата на Hyundai на квалификациите, се претвори во доминација на VW групацијата на првата трка

На доста топло време денес, на патеката Словакиаринг крај Братислава се одржа првата трка од …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *