Saturday , July 20 2019
Home / Latest Articles / WRC Германија: Танак во водство, Ожие засега без одговор (ВИДЕО)

WRC Германија: Танак во водство, Ожие засега без одговор (ВИДЕО)

После победата на Рели Финска, От Танак продолжи со водство и на првите брзински испити на Рели Германија кое се одржува овој викенд.

Победите на брзинските испити дефинитивно ќе му помогнат во борбата за победа со Себастиен Ожие, кој моментално се наоѓа позади него во пласман на Рели Германија.

Танак успеа да дојде до победа на шејкдаунот на церемонијалното отварање, но изутринава го загуби водството од Ожие уште на првиот брзински испит. Но потоа следеа неколку најбрзи времиња на следните брзински испити за Естонецот да го превземе водството и да се најде за 7.2 секунди пред Ожие после првиот ден.

На третата позиција со заостанување од 10.9 секунди позади лидерот се наоѓа Тиери Невил, пред Есапека Лапи и Дани Сордо. Јари-Мати Латвала се наоѓа на шестата позиција пред Елфин Еванс на седмата, додека осми, деветти и десетти се Андреас Микелсен, Крег Брин и Мадс Остберг.

Погледнете го видеото од првиот ден:

Check Also

Ристо Вуков со трета стартна позиција на Берановац

Овој викенд на воениот полигон Берановац крај Краљево во тек е третата рунда од Српскиот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *