Wednesday , November 21 2018
Breaking News
Home / Latest Articles / WRC: Дани Сордо со Hyundai и во 2019

WRC: Дани Сордо со Hyundai и во 2019

Само формалности го делат Шпанскиот рели возач Дани Сордо за нов договор со Hyundai во 2019

Веќе некое време се очекуваше дека Шпанскиот рели возач и официјално ќе биде потврден како еден од возачите во Корејскиот фабрички тим.

Оваа сезона е 14-та за него како професионален WRC возач, во која тој два пати се искачи на подиум од седумте стартови кои ги имаше оваа година, а на домашен терен изминатата недела на Рели Каталуња, во еден момент се наоѓаше на втората позиција.

Договорот на Сордо ќе го потврди третиот од планираните четири возачи за тимот, со Хејден Педон кој е планиран да ја вози втората половина од следната сезона. Тиери Невил на почетокот од оваа година потврди три годишен договор, додека Андреас Микелсен има постоечки договор кој ја вклучува и следната сезона.

Check Also

WTCR: Верне со победа во првата трка, Хаф ќе мора да почека за 11-та рекордна победа

Францускиот возач Жан-Карл Верне дојде до изненадувачка победа, кој буквално ја украде од фаворитот за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *