Monday , August 19 2019
Home / Latest Articles / WRC: Два дена до Рели Сардинија; Како стојат работите во Светскиот Рели Шампионат?

WRC: Два дена до Рели Сардинија; Како стојат работите во Светскиот Рели Шампионат?

После Рели Португалија, следи Рели Сардинија во Италија со почеток во четврток со шејкдаунот…

И покрај победата на От Танак во Португалија минатата недела, во генерален пласман води Себастиен Ожие со 142 поени, пред Танак со 140 и Тиери Невил со 132 поени. Интересно е тоа што првите тројца кои се борат за титула се од различни производители, Citroen, Toyota и Hyundai.

Во досегашните седум рунди лидерот Ожие има две победи зад себе, додека Танак успеа да победи на три рунди. Невил има две победи исто како Ожие, но на Рели Чиле остана без поени, па затоа се наоѓа на третата позиција со заостанување од 10 поени позади Ожие и осум позади Танак.

Борбата е долга до крајот на сезоната, а овој викенд пред возачите е следниот предизвик, Рели Сардинија на земјена подлога. Брзите и тесни делници на возачите не им оставаат место за грешки, додека интензивната топлина и високи температури во комбинација со грубите патишта ќе претставуваат вистински предизвик за гумите кои ќе бидат донесени до самите граници на издржливост.

Минатата година борбата на Рели Сардинија токму помеѓу првите тројца во генерален пласман од оваа година беше крајно неизвесна. Невил ја однесе победата со време од 3:29:18.7, Ожие беше веднаш позади со заостанување од само 7 десетинки, додека Танак го комплетираше подиумот со време од 3:31:15.0.

Истата жестока борба ја очекуваме и овој викенд, поточно во четврток. Следете го Светскиот Рели Шампионат, една од најдобрите форми на тркање на денешницата.

Check Also

WRC Финска: Танак во водство, неговите тимски колеги во проблеми

Возачот на Toyota От Танак ја зголеми предноста на Рели Финска, но неговите колеги наидоа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *