Thursday , May 23 2019
Home / Latest Articles / WRC: Доминантна победа на Танак во Шведска

WRC: Доминантна победа на Танак во Шведска

Рели Шведска никако не може да потфрли со изненадувања

Не можеме да кажеме дека победата на От Танак изненади. Тој зад себе има 93 настапи на рели, шест рели победи и 157 победи на брзински испити.

Поради тоа, оваа победа не може да не изненади, туку напротив, ја очекувавме бидејќи време беше да проработи тој склоп помеѓу Танак и тимскиот директор на Toyota и бивш шампион Томи Макинен.

Иако минатата година заврши на третата позиција во генерален пласман, оваа победа покажа дека оваа година исто така ќе го гледаме во борба за титула.

Но да се вратиме на Рели Шведска. От Танак извојува голема победа за својот тим, но не само голема туку и доминантна. Победата во Шведска ја круниса со победа на последниот специјален брзински испит – “Power Stage” после што се најде на првата позиција во генерален пласман кај возачите.

Целата јавност знае дека Танак не се провози до победа на последниот брзински испит, туку напротив, пристигна со предност од 48.8 секунди на последниот брзински испит, а си отиде со победа за 3.5 секунди пред Тиери Невил кој му беше најблизок ривал, освојувајќи максимум поени од овој викенд – 30.

Позади него се водеше жестока борба за втората позиција помеѓу Есапека Лапи, Тиери Невил и Андреас Микелсен. Борбата резултираше со втора позиција за Лапи, трета за Невил, додека Микелсен мораше да се задоволи со четвртата позиција пред Елвин Еванс.

Мик пристигна шести пред Леб на седмата позиција, додека Понтус Тајдеманд Оле Кристијан Велби и Јане Туохино ги комплетираа топ 10-те.

После втората рунда во Шведска, От Танак води во генерален пласман со 47 поени, пред Невил со 40 на втората и Себастиен Ожие со 31 поен на третата позиција.

Check Also

Возбудлив старт на сезоната во Кичево (Извештај)

Со првата трка одржана на патеката во Кичево, започна шампионатот на Македонија во автомобилизам Како …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *