Wednesday , February 19 2020
Home / Latest Articles / WRC: Драматична победа за Невил и Hyundai во Монте Карло

WRC: Драматична победа за Невил и Hyundai во Монте Карло

Во драматична завршница, Белгискиот возач Тиери Невил му донесе победа на Hyundai во Монте Карло, Ожие и Еванс без одговор во последниот ден.

Белгиецот беше едноставно непобедлив на последниот ден, победувајќи ги сите брзински испити и “Powеr Stage-от” за да ја запечати победата на ова престижно рели, но и прва рунда од годинешната WRC сезона.

На Ожие не му преостана ништо освен да се помири со втората позиција, додека неговиот тимски колега Елвин Еванс го започна последниот луп на втората позиција, кој подоцна загуби драгоцени секунди влегувајќи во последниот брзински испит за 1.5 секунди позади Ожие на третата позиција.

Потоа загуби уште 3.2 секунди на последното проаѓање низ La Cabanette – Col de Braus, што значеше завршување на третата позиција за него.

На истиот брзински испит и Есапека Лапи имаше доста добро време, кое му овозможи четврта позиција во генерален пласман него и на неговиот тим M-Sport, додека Леб повторно имаше проблеми при крајот од релито.

Тој беше толку бавен што загуби дури 49.1 секунди од Лапи на 15-от брзински испит, како и дополнителни 49 секунди на Power Stage-от исто така од Лапи. Тоа го искористи возачот на Toyota Кале Рованпера и заврши како петти пред Леб на шестата позиција.

Такамото Катсута од Toyota заврши на седмата позиција пред Тему Сунинен на осмата. Ерик Камили дојде до победа во WRC3 категоријата, додека Мадс Остберг славеше во WRC2 категоријата кој исто така ги заокружи топ 10-те прославувајќи ја победата во рели стил.

Check Also

WRC: Танак најбрз на бизарниот шејкдаун во Шведска

На денешниот прв ден од Шведското рели гледаме бизарни кадри… Шведско снежно рели без снег, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *