Monday , August 19 2019
Home / Latest Articles / WRC: Дуелот помеѓу Ожие и Невил влегува во историјата на Монте Карло

WRC: Дуелот помеѓу Ожие и Невил влегува во историјата на Монте Карло

Вистински трилер во Монте Карло…

Францускиот возач Себастиен Ожие, едноставно покажа дека може со било кој автомобил да победува. Тој за прв пат имаше контакт со неговиот Цитроен во тркачки мод. Претходно Ожие и неговиот тим направија стотици километри тестирања пред релито кое секоја година претставува почеток на Светската рели сезона.

От Танак беше човекот кој го поведе релито, но поради проблем (скршен бандаж), загуби драгоцено време, кое подоцна беше невозможно да се надополни поради константноста на Ожие и Невил. Ожие и Невил водеа незаборавна борба. Ова беше вистински рели дуел кој не бил виден до сега.

Ожие после четири дена, го победи Невил со предност од само 2.2 секунди што претставува најблизок финиш во историјата на Монте Карло. Невил ја стопи предноста која ја имаше Ожие во очи на последниот ден, започнувајќи го последниот брзински испит со само 0.4 секунди дефицит.

От Танак успеа да го победи Себастиен Леб, но и Јари-Мати Латвала, освојувајќи ја последната позиција на подиумот со предност од 2м13с пред Леб. Крис Мик успеа да победи на последниот “Power Stage” освојувајќи пет бонус поени, позади воланот на неговата Тојота Јарис.

Ожие освои четири поени за втората позиција, додека Невил три за третата. От Танак и Тему Сунинен освоија два и еден поен за четвртата и петтата позиција на последниот специјален брзински испит. Исто така, сериозен е фактот што на подиумот се наоѓаат три различни производители, Цитроен, Хјундаи и Тојота, што најавува многу возбудлива борба во текот на оваа сезона.

Следна станица е Шведското рели на потполно снежна површина, кое ќе се одржи од 14 до 17 февруари.

Check Also

WRC Финска: Танак во водство, неговите тимски колеги во проблеми

Возачот на Toyota От Танак ја зголеми предноста на Рели Финска, но неговите колеги наидоа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *