Sunday , September 20 2020
Home / Latest Articles / WRC Естонија: Танак со победа на домашен терен

WRC Естонија: Танак со победа на домашен терен

Возачот на Hyundai От Танак дојде до победа на домашен терен, а со тоа ја оживеа борбата за титулата кај возачите оваа сезона

Минатогодишниот шампион Танак релито го заврши со 22.2 секунди предност пред неговиот тимски колега Крег Брин, за кого ова беше прва победа со Корејскиот производител, додека третата позиција на подиумот ја пополни Себастиен Ожие со заостанување од 4.7 секунди позади Брин.

Потпомогнат од три бонус поени за трето најбрзо време на Power Stage-от, значи дека Танак се наоѓа за 13 поени позади водечкиот в генерален пласман Ожие, со само три рунди до крајот на сезоната и тоа: Рели Турција, Рели Италија и Ипрес Рели Белгија.

Првите две места на подиумот им припаднаа на возачи на Hyundai, додека третата четвртата и петтата ги пополнија Toyota со Елвин Еванс и Кале Рованпера позади Ожие, додека Сунинен, Лапи и Гринсмит се најдоа на шестата, седмата и осмата позиција во Ford Fiesta WRC.

Следната рунда е Рели Турција од 18 до 20 септември.

Check Also

MotoGP: Подиум за паметење – Мир никогаш нема да го заборави проаѓањето на Роси на Мизано

Возачот на Suzuki Жоан Мир изјави дека никогаш нема да го заборави освоениот подиум овој …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *