Tuesday , September 22 2020
Home / Latest Articles / WRC: Започна долгоочекуваното Рели Монте Карло; Невил најбрз на шајкдаунот

WRC: Започна долгоочекуваното Рели Монте Карло; Невил најбрз на шајкдаунот

Додека за останатите шампионати зимата претставува хендикеп, за Светскиот рели шампионат претставува предизвик…

По кратко време од завршувањето на 2017 сезона, започна 2018 сезона во Светскиот рели шампионат. Возачот на Hyundai Тиери Невил ја започна 2018 сезона со најбрзо време на шејкдаунот пред Монте Карло релито

Белгиецот победи на шејкдаунот со најбрзо време од 2м00.2с завршувајќи за една десетинка пред неговиот тимски колега Дани Сордо. Невил кој победи на последната рунда од 2017 сезона во Австралија, беше презадоволен од неговата предност на 3.35 километарскиот тест кој се одржа на сув асфалт.

Новиот возач на Toyota От Танак беше трет најбрз во Yaris WRC, 0.4с позади Сордо, додека Крис Мик беше четврти позади воланот на Citroen, пред Андреас Микелсен од Hyundai и вториот Yaris на Јари-Мати Латвала. Минатогодишниот шампион и локален херој Себастиен Ожие беше седми најбрз пред неговиот тимски колега од M-Sport Елфин Еванс.

Погледнете го видеото од шејкдаунот:

Check Also

Вуков: Валелунга е една од најтешките патеки во Италија

Изминатиот викенд на патеката Валелунга во Италија се одржа четвртата рунда од Италијанскиот Порше Карера …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *